Монти Инженеринг Дооел е фирма која се занимава со изведба на инсталации за греење, ладење и вентилација на енергетско-ефикасни објекти како и редовно одржување на HVAC- системи. Компанијата е основана во 2006 година.
Компанијата располага со производствен погон за изработка на вентилациони правоаголни канали од поцинкуван и пластифициран лим вклучително и секаков вид на фасонски прачиња за вентилациони системи. Освен канали произведуваме и хидраулични скретници, конзоли и постолја.